Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски извести дека Општина Штип аплицира со свој проект за подобрување на социјални услуги на повикот на МТСП за воспоставување на грижа и помош на стари лица кои живеат сами.
Градоначалникот соопшти дека заедно со Црвен крст аплицирале за отворање на дневен центар за стари лица над 60 години со цел да се обезбеди поголема социјализација и достоинствена старост за нашите сограѓани.