Денес во Кочани градоначалникот на Општина Штип се обратил како претседател на Источен плански регион на промоцијата на проектот ,,Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина”.
Во овие два дена во Штип и Кочани се презентираат два проекти кои се од огромно значење за нашиот регион.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ се фокусира на развој и поттикнува прекугранична соработка во областа на културниот, фестивалскиот и креативниот туризам помеѓу јавните институции и другите засегнати страни од туристичкиот сектор преку организација на настани, трансфер на знаење и искуство. Можам да бидам задоволен затоа што Источниот плански регион е побогат за уште еден проект добиен од страна на ЕУ, а како наш партнер се јавува Општина Гоце Делчев, истакна Бочварски
Градоначалникот на Општина Штип смета дека овој проект ќе влијае врз подобрување на квалитетот на животот на луѓето oд прекуграничниот регион.