Денес градоначалникот на Општина Штип изврши увид во градежните активности и реконструкцијата во ОУ Ванчо Прке. Станува збор за инвестиции во ова училиште во висина од 5 милиони денари или околу 80 илјади евра.
Се работи за изработка на монтажно игралиште со вештачка трева и реконструкција на тоалетите, јавна набавка за електронски смарт табли и ограда на потегот кон улицата пред самото училиште заради поголема безбедност на децата. Дополнително се работи на проектот отворена училница и мало кино во делот на кабинетот по информатика. Во фаза на набавка се 5 интерактивни табли, 3 телевизори и 30 компјутери со што ќе опремиме уште една училница за информатика. ,истакна Бочварски