„Само гробот е полош од затворот. Првите денови во Шутка не можев да дишам. Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес скоро саат и пол траеше претресот. Психолошка војна“, изјави поранешниот сопственик на А1 телевизија и жртва на режимот, Велија Рамковски ,на панел дискусијата на ЦИВИЛ, насловен како „Жртви на режимот – сведоштва и слики“.
28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката. Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен. И после три години Груевизмот ме плаши. Сите нè плаши“,рече Рамковски.
„Кај секој човек тоа чувство на правда и неправда постои… Покажете дека имате чувство за правда, во дадените можности, ама овде, за нас, е нула. Повелете, народот да види. Нема некој што не ја бара А1. Не ме затоврија само мене, фамилијата и најблиските соработници, им ја затворија на народот и А1… Еве ви господо, одите на избори… направете и нешто за правдата…“, порача Рамковски.
Инаку, за време на влеадеењето на Никола Груевски, Рамковски беше осуден на 13 години затвор, а одлежа седум во затворот „Идризово“.
Тој беше одсуден во случајот „Пајажина“, за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Според обвинението, затаен бил данок од околу 5 милиони евра.
Ј. Ѓорѓиоски
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Трпе Стојкоски и Б. Јордановска