Љубе Бошкоски преку видео обраќање на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, меѓудругото истакна дека бил мета на сите режими и тој добро знаe какво е чувството да си осуден на правдина.
Бошкоски побара од власта да го ослободи Јане Ченто кој е осуден за терорзам по упадот во Собрание на 27 април, и на негово место да дојде нарачателот, бегалецот Никола Груевски.
„Тој страшливец од Будимпешта се обидува да командува, и новите дечки го следат нивниот будимпетански диктатор.. Јас Зоран Заев го почитувам бидејќи има храброст во најтешкото време да го отстрани ракот на лошото владеење“ рече Бошковски.
„Јас сум бил мета на речиси сите режими… Јас знам како е чувството да си осуден за правдина“, вели Бошковски. Тој на крајот ги поздрави сите како и што доликува: Ве поздравувам од длабочината на мојата робијашка душа, брат Љубе.
Д. Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Трпе Стојкоск