Јас сум среќен, искрено, навистина сум среќен“. Со оваа реченица Ајнур ја пречека екипата на Фронтлајн во својот дом.
Можеби не се исполнити сите детски соништа на Анџело, Леонора, Јасмина, Љубица и Алмир, но по многу зими поминати во студ, конечно ќе сонуваат на топло. Македонските граѓани, фирми, личности од македонската музичка сцена, не потфрлија и овој пат и му излегоа во пресрет на самохраниот татко Ајнур и неговите 5 малолетни дечиња, кои својата мака ја раскажаа пред камерата на ФРОНТЛАЈН.
Донации и хумантирната помош пристигнуваат од сите страни. Стотици граѓани им однесоа облека, обувки, храна, средства за хигиена. Помош пристигна од повеќе компании и Црвениот крст кои донесоа душеци, ќебиња, играчки, пакетчиња за дечињата, храна, млеко и пелени за најмалиот Анџело, и она што најмногу ги израдува годинава е дека за прв пат имаат новогодишна елка која со радост ја китеа.
Граѓани сè уште се јавуваат, вели Ајнур, кој како што вели, бескрајно им е благодерен и ним но и на Фронтлајн.
„Јас сум многу благодарен за тоа, поготово за печкава што ја донесоа на дрва и со дрва што не снабдија, сега за сега стварно сме многу благодарни… Јас стварно ѝм благодарам на сите што се јавија до сега, на сите хумани луѓе што помогнаа до сега. Помошта сè уште пристигнува, носат ствари, како што можевте да видите, носат и ѝм благодарам навистина на сите. Исто така му благодарам на вашиот медиум (frontline.mk) за ова што го направивте за да имаме помош“, рече Ајнур Симоновски.
Најсреќни се, како што велат, дека секоја ноќ ќе заспиваат и ќе се будат на топло. Тоа им го овозможи авионската компанија Виз Ер, чии вработени се организираа и на семејството Симоновски му донесоа печка за да ги згрее во студените зимски денови, неколку кубици дрва, облека и многу изненадувања за децата. На истата печка Ајнур ќе може да им зготви и нешто на дечињата. Тие дури најавија дека нивната помош не застанува тука.
Голема помош пристигна и од македонската музичка група ДНК. Момците од групата донесоа печка и многу други потребни производи за децата и Ајнур, во соработка со општествено одговорните компании Агротехна, Жито Маркети и Теа Колорс.
Сепак, за Ајнур, проблем се и неплатените долгови за струја.
„Седум и пол, осум години сум веќе без струја. Ако може да се направи нешто јас стварно би бил многу благодарен. Толку години без струја, со мали дечиња, стварно не се живее во мрак. Долго време е тоа…. Доаѓаат тука, гледаат, прават, јас прашувам знаеш, што-како, долгот викаат треба да се подмири, макар пола од сумата вика, за да можеш после да си ја плаќаш и ратата и потрошената струја за изминатиот месец. А јас тие услови ги немам“, вели Ајнур.
Граѓанската организација ЦИВИЛ исто така собра и му предаде симболична сума финасиски средства на Ајнур, а тој е пресреќен и вели дека телефонот не престанува да ѕвони, дека постојано доаѓаат и се најавуваат луѓе, а сведок на тоа беше и екипата на Фронтлајн, која беше во посета на Симоновски.
Ајнур рече дека дури дошле луѓе кои мереле и му ветиле помош за санирање на куќичката, а следен чекор е и легализација на имотот. Најважно за него е дечињата да се здрави и да им биде топло. Таа желба им се исполни. Добрите луѓе и позитивните промени ги охрабија надежта уште повеќе да расте, дека во иднина ги чекаат само убави работи.
Лице за контакт:
Ајнур Симоновски
077 824 328
Подготвила: Ивана Т. Зафировска
извор: Frontline