Од Општина Штип известија дека , ЈП “Стипион 2011„ Штип на ден 08.01.2020 година започнува со работата на „Пајак“служба.
Согласно ова службата ќе врши преместување и отстранување на непрописно паркираните возила. ,,Пајак” службата има задача да се грижи за регулирањето на сообраќајот во град Штип, да помага при расчистувањето на сообраќајниците и овозможување на полесен проток на сообраќајот.