„До април, опозициските технички министри и дополнителни заменици министри, така ќе ни го освежат памтењето, што граѓаните нема да имаат никаква дилема дали да излезат и што да заокружат на изборите.
Ќе ги оставиме да си „тераат кампања“ која им се удира од глава, а ние ќе продолжиме да испорачуваме сигурност, безбедност и целосен сервис за сите граѓани на нашата татковина. Институциите се во сигурни раце!
Во ДПМНЕ нема никаква промена. Тие денес јасно покажуваат дека се носители на криминалот и беззаконието, узурпатори на институциите во обид и партија која е радикална и која е закана за мирниот живот на граѓаните.
Така беше и денес, додека #СДСМ одржува стручна и програмска дебата за нашата нова АГЕНДА 20 – 24 за вториот мандат, тие пуштаат снимки во јавност за сопствената неспособност и заштита на криминал.
Тоа е таа нивна кампања која им се удира од глава, по принципот “каменот од блиску доаѓа”.
Овој пат со снимка од која јасно се слуша како советник на министерот за земјоделство бара расчистување на незаконитости и можни криминали во интерес на граѓаните, Охрид и државата.
Уште повеќе, министерството во претходниот период заедно со институциите, ги превзеле сите дејствија за да се констатираат сите пропусти и незаконски делувања кој според дојавите се од големи размери.
Груевистичкото ДПМНЕ е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април„
Напиша на својот фб профил Љупчо Николовски.