Ова е период во кој до максимален израз треба да дојде личната и институционална политичка и професионална одговорност и да се даде најдобриот придонес за доброто на граѓаните и за развојот и напредокот на Северна Македонија, истакна денеска на прес-конференцијата премиерот Оливер Спасовски.
„Граѓаните да се безгрижни, затоа што услугите и правата ќе продолжат непречено да се реализираат. Независно дали станува збор за субвенциите на земјоделците или остварувањето на правата на социјалните категории во ризик“, истакна Спасовски на социјалните мрежи.