Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се пофали на својот Твитер профил дека успешно спречиле да се донесе законот за поништување на лустрацијата: „Денес СПРЕЧИВМЕ два штетни закони: 1. Законот за дрога (МНОГУ опасен закон). 2. Лустрација врз ЖРТВИТЕ на 50-годишниот режим. Борбата за Македонија НИКОГАШ не запира!“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорчев.
Денес СПРЕЧИВМЕ 2 (два) штетни закони:
1. Законот за дрога (МНОГУ опасен закон).
2. Лустрација врз ЖРТВИТЕ на 50-годишниот режим.Борбата за Македонија НИКОГАШ не запира! ?? pic.twitter.com/SP4uEpWpwl
— Vladimir Gjorcev (@VladimirGjorcev) January 13, 2020
Предлог-законот за поништување на лустрацијата вчера беше на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односите меѓу заедниците, но поради немање кворум и неприсуство на пратеници од ДУИ, од Демократската партија на Турците (ДПТ) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ седницата беше одложена.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со отворено противење против поништувањето на лустрацијата, процес со кој 2008 до 2015 со два закона беа опфатени неколку стотина луѓе, од кои дел познати јавни личности – критичари на владеењето на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
извор: Frontline