„Собранието денеска ги изгласа измените на ,,Законот за стечајци”, со коишто материјално обезбедуваме уште 1.000 стечајни работници
Со последните законски измени за две и пол години како Влада до пензионирање решивме вкупно 12.000 стечајци.
Ги повикувам стечајците од петок да се пријавуваат во Центрите за вработување, за да го остварат правото на месечниот надоместок од околу 8.000 денари„ Напиша на својот фб профил Мила Царовска
Собранието денеска ги изгласа измените на ,,Законот за стечајци'', со коишто материјално обезбедуваме уште 1.000…
Gepostet von Мила Царовска am Dienstag, 14. Januar 2020
Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, соопштија од владината прес-служба, откако на денешната седница Собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.
Имено, со последните измени, вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа Владата за две и пол години е 12.000.
– Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари, наведоа од владината прес-служба.
Посочија дека приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е борбата против сиромаштијата и подобрување на условите за живот на секој поединец во државата.
Извор: МИА