ZUM. MK e веб страница, дел од ЦИВИЛ Медиа платформата, посветена на промоција на транспарентноста и одговорноста во полтичките процеси со посебен „зум“ на човековите права и слободи, социјалната правда, работничките права и граѓанскиот активизам.
ЦИВИЛ – Центар за слобода е непрофитно и невладино национално граѓанско здружение, активно во полето на човековите права, мирот и контролата на оружје, основано на 25 ноември, 1999 год. Неформално, организацијата е активна од 1996 год.
Во потрага по својата визија, мисијата на ЦИВИЛ е: активно промовирање и одбрана на човековите права и слободи; одржлив мир и придонес кон процесите на помирување; креирање планови за ефективна контрола на оружје; социјална правда и слобода на говор.
ЦИВИЛ е активен на регионално и меѓународно ниво и има спроведено над 100 проекти, вклучувајќи и бројни кампањи за јакнење на јавната свест на национално ниво, масовни јавни настани, итн.
Организацијата ужива голема видливост и доверба од сите заедници во земјата. Позната е по своите уникатни и сеопфатни методи.