Во знак на поддршка на движењето за родова еднаквост, тимот на „Врба“ додели стотина бесплатни карти за проекции на филмот на организации кои допринеле во борбата за заштита и унапредување на правата на жената.
Меѓу другите организации, 25 бесплатни карти се доделени и на ,,Гласен Текстилец,, од Штип како здружение кое се бори и ги штити правата на текстилните и кожарските работнички и работници. Картите ќе бидат подарени понатаму, секако на работничките. Проекцијата на филмот се оддржува на 18ти декември во 20:00 часот во ,,Дом на млади,, Штип.
Тимот на ,,Гласен Текстилец,, ги повикува работничките кои би сакале да добијат карта и да го гледаат филмот да се обратат на телефонскиот број 078312365 за резервација на карти или да се пријават во порака на фб страната на ,,Гласен Текстилец,,