Идејата за оваа апликација произлезе од потресните сведоштва на текстилните работници за прекршувањата на нивните права на работното место. Токму поради тоа, група програмери, графички дизајнери и правници, волонтерски ја изработија оваа апликација, чија цел е да овозможи анонимно пријавување на прекршувањата на работничките права во текстилната индустрија.
Апликацијата служи и како агрегатор на вести поврзани со зајакнувањето на информираноста помеѓу работниците, и овозможува лесно достапни информации за постапувањата на институциите.
Апликацијата дава можност за анонимно пријавување на кршење на работнички права со можност за електронско и директно пријавување до институциите.
После 2 месеци напорна работа од страна на Филип Ванчевски , Мери Мери, Кристијан Трајковски,Вилдан и Влатко Токарев и логистичка помош од Гласен Текстилец, имаме готов производ!
Апликацијата може да се види ТУКА