Јас секогаш сум била на другата страна кога сум ги анализирала постапувањата на полицијата и сите пропусти што ги направила додека вие сте го живееле изворно режимот. Тоа не ме направи да не бидам жртва и јас на режимот во тој период, секако во друг еден контекст и секако самарот беше друг од моето семејство, мојот сопруг. Но, ако ги преслушаме убаво бомбите, ќе видиме дека нарачките – магаре да стават само таа да не е – укажува многу на тоа што се случувало во стручната јавност и нивниот молк кога требало да се анализираат страшните прекршувања на човековите права и слободи од полицијата и безбедносните служби како извор и креатор на сите политички монтирани случаи во тој период“, изјави Фросина Ременски, како коментар на она што го кажаа жртвите на режимот на истоимениот панел во организација на ЦИВИЛ.
„За жал, режимот ни остана само во речникот и не успеавме да направиме чекор повеќе во она што значи утврдување на одговорноста за сите овие случаи за кои што слушавме и за кои што не сме слушнале, а ги има многу…
Деновиве кога дадов една прилично широка изјава пред една врвна институција во нашиот правосуден систем, реков дека секогаш кога ќе почнете да ги поставувате незгодните прашања станувате проблем. Секогаш кога ќе сакате да направите нешто повеќе, да излезе на површина и да се утврди одговорноста, секогаш следи она мотото: kill the messenger. Убиј го тој што е гласник за решавање на нечии проблеми…
И во мојот дом имав незаконски претрес од полиција. Ќе рече некој, да во легална постапка, со наредба, меѓутоа комплетно незаконски. Знаете да кажете дека професор на полициски науки на полициски службеник кој направил илјада претреси во животот дека влегувањето без никого дома е нешто што е законски…. јас не го експлоатирам овој дел од мојот случај затоа што кај мене тоа што го бараа не го најдоа, не знам дали воопшто нешто бараа, од тоа што бараа, релевантно за кривичното дело за кое што ме сомничи обвинителството, нема ништо… Се плашам дека токму можеби причината за таквите дејствија е обелоденување на страшни злоупотреби кои што некој очигледно нема храброст да се зафати и да ги реши…“, беше дел од излагањето на Ременски.
Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Трпе Стојкоски