Oсновен суд Штип донесе пресуда за лицето Богдан Митевски кој минатата година на пешачки премин пред училиштето ,,Коле Нехтенин“ прегази ученик од истото училиште.
Настанот заврши трагично и иницираше учениците од истото училиште да организираат протест за поголема сообраќајна безбедност поради тоа што ова не беше единствената сообраќајна незгода што се случила пред ова училиште.
На обвинетиот му е изречена казна затвор во висина од 5 години и 6 месеци, како резултат на тоа што обвинетиот ја признал вината, па тоа заедно со фактот дека досега не е осудуван и е фамилијарен човек, како олеснителни околности придонеле за висината на казната. За висината на казната се ценеле и отежителните околности, односно фактот дека животот го загуби младо дете кое немало никаков придонес во сообраќајната незгода .
По протестот на учениците, Општина Штип набрзо реагираше по што беше изграден кружен тек во близината на училиштето и сигнални ленти непосредно пред училиштето со цел да се обезбеди поголема безбедност на учениците и другите пешаци во тој дел од градот. Општината го даде својот придонес во зголемувањето на сообраќајната безбедност на булеварот, и се надева дека е подигната свеста на учесниците во сообраќајот во иднина да не се случуваат вакви трагични настани.
С. М. Живкова